АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ ГОТВАЧИ
Во Академијата за млади готвачи – Везден, децата не само што ќе научат како да подготвуваат храна, туку и како да се грижат за своето здравје преку правилна исхрана. Ова ќе биде омиленото место на вашите деца. Ќе се забавуваат и ќе научат како сами да приготват вкусна храна. Секогаш во придружба на веќе докажани професионалци со долгогодишно искуство во угостителството, главните готвачи на Везилка и Дениција
Часовите се внимателно испланирани со цел да бидат различни, едукативни и забавни. Децата ќе имаат можност да ги научат основните кулинарски техники, почнувајќи од читање на рецепт, организирање на работната површина, мешање на течни и суви состојки, месење и печење.
Везден е повеќе од училница
Покрај тоа што ќе научат нови вештини, децата ќе имаат можност да стекнат и нови другарчиња, со кои понатаму ќе можат да готват заедно и да се дружат.
На крајот од часот, секое дете ќе добие домашна задача, преку која ќе може да го употреби стекнатото знаење, како и да приготви нов рецепт за своето семејство.
Секој член на академијата ќе добие престилка и капа со логото на Везден, како и своја работна површина и инструменти за готвење во текот на часот. На крајот од часот, секое дете ќе има можност да го проба својот рецепт и да ужива во него.
Академијата ќе биде комплетирана со добивање на персонализиран кулинарски сертификат како доказ за успешно завршување на курсот.
Забава, учење и вкусна авантура
Часовите
се одржуваат еднаш неделно,
во блок од 90 минути.
Сè е обезбедено!
Сите потребни состојки, инструменти и опрема
се обезбедени за непречено одвивање на часовите.
Престилки и капи
Малите готвачи ќе добијат своја престилка и капа, како вистински професионалци!
А родителите?
Родителите можат да уживаат во бесплатно кафе и сок во пријатна атмосфера
Мали групи
(до 12 деца) со четворица
искусни готвачи кои ќе ги водат низ секој чекор.
Рецепти и оброк
По секој час, децата ги носат дома рецептите и своите вкусни креации
“Мал готвач“
По три месеци, секој учесник добива сертификат и титула „Мал готвач“
Финалниот час
е вистински гастрономски настан– родителите ќе имаат можност да ги пробаат јадењата што децата ги подготвиле.
Запишете го вашето дете во Академијата за млади готвачи!
За деца од 7 до 12 години, учење преку забава и практика. Вашето дете ќе го открие светот на готвењето, ќе создаде вкусни јадења и ќе се забавува!
Уписите се во тек. Оставете ги вашите податоци и ние ќе ве контактираме!